Испечати

Равиола во путер со ореви

Равиола во путер со ореви

Состојки

  • За равиоли
  • 100гр. брашно
  • 1 јајце
  • прстофат сол
  • Други состојки
  • 4 големи листови блитва
  • 2 лажици рикота
  • 2 жолчки
  • 60гр. путер
  • 1 рака ореви
  • малку сол

Подготовка

Ова е нешто што многу често сум го гледала по теливизииве и се токмев да го направам кој знае од кога, ама еве им дојде редот.
Ги направив на мој начин и презадоволна сум од крајниот резултат.
Овој рецепт е успешен ако пастата ви е доволно тенка, а јајцето кога ќе се расече равиолата треба да истече. Значи времето на варење е клучно за рецептов да биде успешен.

Најпрвин замесете го тестото од брашното, јајцето и прстофат сол.
Замотајте го во најлонска фолија и оставете да отстои во фрижидер најмалку 1 час.
Во меѓувреме обарете ја блитвата исечете ја на парчиња и откако ќе олади измешајте ја со рикотата и малку сол.

Тестото развлечете го со сукало во прилично тенка кора.
Исечете 4 поголеми коцки.
На една коцка тесто во вид на гнездо нанесете од смесата со блитва и рикота.
Во средината ставете 1 жолчка и покријте со друга коцка тесто.
Со прсти притиснете околу смесата, а потоа со влиушка со притискање затворете ја убаво равиолата од сите страни.

Во убаво зовриена солена вода ставете ги равиолите да се варат околу 2 минути.
Во меѓувреме во тава на оган ставете го путерот да се растопи.
Оревите ставете ги во кујнски сецко да се сомелат, па додајте ги во растопениот путер.
Оставете ги да се запржат додека добијат убава кафеава темна боја(но, внимавајте да не ги изгорите).
Откако равиолите ќе се сварат додајте ги на кратко во тавата на оган.

Во чинија за сервирање ставете ја равиолата и посипете со путерот со ореви.