Пури пити со мелено месо и компири
Овие кори се всушност за пржење, но времето и моментот кај мене наложија да ги печам, па така за скоро очекувајте уште еден рецепт со пржење.
Најпрво сварете ги компирите и оставете ги да се ладат.
Во тава се запржува меленото месо со ситно сечканиот праз и кога ќе запржи се додава доматниот сос и зачините. Се пржи уште кратко време додека убаво се соединат, но сепак да остани сочно, бидејќи после се додаваат рендани варените компири, па се внимава да не е многу сув филот.
За овој фил, препорачувам да користите по две кори.
Секоја кора со четче се премачкува од мешавината вода и масло и врз втората се става фил, па се виткаат како кифли.
По желба одозгора можи да ги премачкате со мешавината вода и масло или со јајце и да ги наросите со сусам или други семиња по желба.
Се редат во намастен плех или обложен со пек-хартија и се печат на 200С додека поруменат.
Лиценца: Сите права се задржани
ди, да ги пробаш. овие ни беа фаворитни и нам :)