Пита од компири со мелено месо
1. Компирите ги лупиме и ги сецкаме. Во сад на оган ставаме вода во која додаваме 1 лажиче сол и во неа ги ставаме сецканите компири. Ги вариме.
2. Откако ќе се сварат компирите, ја истураме водата и додека се жешки ги миксираме. Ги оставаме да се изладат.
3. Во изладените компири го додаваме брашното, јајцата, маслото и мешаниот сув зачин. Смесата убаво ја месиме додека да добиеме компактна смеса.
4. Фил- кромидот ситно го сецкаме. Во тавче на оган го пржиме. Кога кромидот ќе се зарумени го додаваме меленото месо, црниот бибер и мешаниот зачин. Пржиме. Откако месото ќе биди готово го тргаме од оган, го додаваме магдносот, мешаме и оставаме да се излади.
5. Во правоаголно караванче претходно премачкано со масло ставаме половина од смесата со компири. Смесата ја распределуваме по целата површина (раката ја навлажнуваме за да можеме подобро да ја распределиме смесата по целата површина ). Врз компирите го ставаме филот. Врз филот ја ставаме и преостанатата смеса од компири.
Јас од оваа смеса направив 2 плехчина, едното беше правоаголно бр. 40 , а другото беше скоро дупло помало. Во големото плехче ставив 2/3 од смесата со компири и неа како што напишав ја поделив на пола за долниот и за горниот слој. Од преостанатата 1/3 од смесата ја приготвив и питата во помалото плехче. Истотака го поделив и месото – 2/3 и 1/3 .
Лиценца: Сите права се задржани