Птичји гнезда
Празниците се наближуваат, затоа решив да се потсетиме на велигденските колачиња.
Овој пат избрав еден премногу лесен рецепт, кој што не одзима ниту време, ниту многу пари.
1. Во сад на пареа ги растопуваме чоколадите.
2. Растопената чоколада ја помешуваме со кокосот
3. На страна во рамен сад поставуваме фолија врз која ќе ги редиме гнездата.
4. Со лажица земаме од садот во кој што ги помешавме кокосот и чоколадата и ги формираме гнездата на фолијата.
5. Во средишниот дел на секое гнездо, се прави длабнатинка во која се поставуваат бонбоните.
6. Се ставаат во ладилник да се стврднат, а потоа се служат.
Јас овој пат имав мали чоколадни бонбончиња и тие ги употребив.
Кога ги подготвував овие колачиња за штандовите на децата за во училиште, наместо чоколадни јајца, ги употребував оние мали-- како јатма шеќер бонбони, кои се во вид на јајце, а се во разни бои.
Оставам на вашата фантазија.... подгответе ги, за да ги израдувате вашите најмили.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Кокосот кога го соединив со чоколадата добив смеса токму како гнезденца на птички. Од чоколадата испаѓаа по малку делови од кокосот, и толку многу ме асоцираше на сламките со кои си ги прават пиленцата гнездата....
Лелеле се занесов филозофирајќи...