Испечати

Птичји гнезда

Птичји гнезда

Состојки

  • 150 гр кокос
  • 2 чоколади млечни
  • 2 чоколада за готвење
  • 20 -30 чоколадни јајца или пак шарени бонбони во вид на јајца.

Подготовка

Празниците се наближуваат, затоа решив да се потсетиме на велигденските колачиња.
Овој пат избрав еден премногу лесен рецепт, кој што не одзима ниту време, ниту многу пари.
1. Во сад на пареа ги растопуваме чоколадите.
2. Растопената чоколада ја помешуваме со кокосот
3. На страна во рамен сад поставуваме фолија врз која ќе ги редиме гнездата.
4. Со лажица земаме од садот во кој што ги помешавме кокосот и чоколадата и ги формираме гнездата на фолијата.
5. Во средишниот дел на секое гнездо, се прави длабнатинка во која се поставуваат бонбоните.
6. Се ставаат во ладилник да се стврднат, а потоа се служат.
Јас овој пат имав мали чоколадни бонбончиња и тие ги употребив.
Кога ги подготвував овие колачиња за штандовите на децата за во училиште, наместо чоколадни јајца, ги употребував оние мали-- како јатма шеќер бонбони, кои се во вид на јајце, а се во разни бои.
Оставам на вашата фантазија.... подгответе ги, за да ги израдувате вашите најмили.
На здравје.