Измијте ги и ставете ги компирите во малку солена вода да вријат 3 минути. Потоа, исцедете ја водата.
Во меѓувреме натопете го сувиот леб со ладна вода, исцедете го и ставете го во длабок сад со меленото месо. Додајте ги зачините, јајцето и ситно исецканиот млад кромид и убаво се измашајте. Нека одстои 5-10 минути додека подизладат компирите, а во меѓувреме пуштете ја рерната на 200С да се загрева.

Додадете во компирите 2 лажици маслиново масло и посолете. Убаво измешајте и наредете ги во тавата за печење. Од меленото месо правете ќофтиња и наредете ги меѓу компирите. Одозгора ставете од маргаринот. Печете ги во загреана рерна 25-30 мин.

Спремете го преливот од наведените состојки, така што ќе ги измешате со жица за матење. Ставете се, освен кашкавалот. Извадете ја тавата и прелијте одозгора насекаде. На крај, изрендајте кашкавал. Вратете во рерна уште 15на минути.

Благодарност и поздрав до г-ѓа Дана за идејата за овој вкусен ручек, кој го прилагодив спрема она што сакаат моите домашни и тоа што во моментот нудеше моето кујнско „шкафче“.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови