Еве еден поинаков начин на подготовка на компир манџа од оној редовниот.

Подготовка
1. Сите состојки за ќофте заедно со ренданото кромидче ги мешаме и од месото правиме ќофтенца или топчиња кои ќе ги пржиме во масло. Ги оставаме на страна.
2. Компирите ги лупиме и ги сечкаме на коцки.
3. Морковот и кромидот ги сечкаме на ситни парченца и ги запржуваме на масло, на тивок оган. Ги ставаме компирите, црвениот пипер и налеваме вода за да се сварат.
4. Некаде на половина варење ги ставаме ќофтенцата.
Кога ни се сварил компирот ја подготвуваме запршката.
5. На тава ставаме 2-3 лажици брашно на тивок оган и ги запржуваме додека да пушти мирис и да му излезе влагата на брашното. Потоа ова брашно го мешаме со ладна вода, да нема грутчиња и го ставаме во манџата што врие. Додека кратко врие ставаме зачини и сечканиот магдонос на крај.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани