Прокељ и морков како прилог
Одличен прилог....
1.Се чистат, мијат зелчињата, се расекуват по малце накрсно. Морковите се мијат, чистат, сечат на стапчиња. Исчистените прокељ и моркови се ставаат во зовриена вода и на умерен оган да се варат 10 мин.
2.Се цедат од водата и се ставаат во загреано маслиново масло. Се зачинуваат и со нежни промешувања се мешаат, да се запржат на кратко околу 5 мин..
Толку!
На здравје!
*Морковот со својата блажина го неутрализира тој малку горчликав вкус на прокељот.
Лиценца: Сите права се задржани