Прокељ и морков како прилог
Состојки
- 500 гр. прокељ
- 3-4 моркови
- малку маслиново масло
- по вкус и желба - сол, мешан сув зеленчук, мелен црн бибер, лук во прав, кари
Подготовка
Одличен прилог....
1.Се чистат, мијат зелчињата, се расекуват по малце накрсно. Морковите се мијат, чистат, сечат на стапчиња. Исчистените прокељ и моркови се ставаат во зовриена вода и на умерен оган да се варат 10 мин.
2.Се цедат од водата и се ставаат во загреано маслиново масло. Се зачинуваат и со нежни промешувања се мешаат, да се запржат на кратко околу 5 мин..
Толку!
На здравје!
*Морковот со својата блажина го неутрализира тој малку горчликав вкус на прокељот.