Еве ште еден рецепт со маја, подарена од пријателка. Колачот е вкусен, мирисен,со прекрасна структура, па затоа нека стои овде во низата на колачи за среќа или пријателски колачи.
Ти благодарам Александра, колачот е феноменален!

Подготовка

1 ден 250 гр шеќер се додава во мајата и лесно се промешува со дрвена лажица.

2 ден 250 мл млеко се додава и се меша.

3 ден 250 гр брашно убаво се меша.

4 ден се меша со дрвена лажица.

5 ден Се додава 250 гр шеќер, 250 гр млеко, 250 гр брашно и убаво се меша со дрвена лажица

6 ден се дели на 4 дела и 3 дела се делат на пријатели (овој ден само се меша, па се почнува од утредента со деновите).

7 ден Се прави колачот. Се матат јајцата со ванилиниот шеќер, па се додава маслото, па брашното во кое сме ги промешале сода бикарбоната и пецивото, ги додаваме ренданите јаболка (претходно излупени). Зачинуваме со цимет, ставаме дробени или сечкани ореви и суво грозје.
Се пече на 200 степени. Се пробува со чепкалка дали е готово. На крај ставив шеќер во прав врз него.

Не одбивајте маја, најубавите и највкусни колачи се подготвуваат на овој начин =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани