Се става водата co маслото и солта да зоврие, се додава бршното промешано со нишестето и се меша убаво смесата да почне да се одлепува од тенџерето.
Се става да се олади и во малку млака смеса матејки со миксер со перки за тесто се додава едно по едно 6 јајца. Се мати додека смесата убаво да се соедини.
На плек обложен со хартија за печење со помош на шприц се прават принц крофните.

Подгодовка на кремот
Се делат жолчките од белките и се стават во различни садови. Во жолчките се додава 1 пудинг од ванила и  6 лаж нишесте. Се сипува малку од млекото и се мати смесата во остатокот на млекото. Се додават 14 лаж шеќер и се става да зоврие.
Се додава смесата со пудингот и се вари крем . Кога кремот е доволно густ се додава 1 маргарин, се меша да се стопи маргаринот и се остава да се олади. Кога е оладен кремот пак се промешува со миксер смесата убаво да се соедини. Во белките постепено се додава 200 гр шеќер и се мати во цврст снег. Се земат готовите крофни кои се оладени и се реже горниот дел. Со шприц се полнат со жолтиот крем, па со беланецот. Кој не сака беланец може и со слатка павлака.
Се става горниот дел од крофните и со помош на цедалка се посипуват со прав шеќер...

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови