Прилепски посни сармички
Традиционалоно за секоја посна слава и за бадник во Прилеп се подготвуваат вакви мали сармички.
Од зелката се сечат мали ливчиња со димензии околу 5см. на 5см.
Празот се сече на многу ситно и се запржува во маслото се додава оризот и тој се запржува на крај се додава зачините.
Во секое мало ливче се става по малку од смесата со оризот и се витка како секоја друга сарма. Сармичките се редат една до друга во длабоко тенџере на кое дното е покриено со исечена зелка.
Кога ќе се нареди еден ред со сармички се посипува со една лажица црвен пипер и 3-4 лажици масло. Ако не ви стигне просторот во тенџерето може да започнете втор ред над првиот. Откако ќе се довиткаат сармичките се покриваат со листови зелка и се додава вода од киселата зелка при што сармичките треба да бидат покриени со водата.
Сармичките се варат на бавен оган додека се свари оризот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ќе дополнам дека оризот треба да е жив, а не сварен како што прават некои. Ако премногу е стегнато сармичето, може некое зрнце да остане живо ... не се става други зачини или праз, тоа не е оригиналот ... прекрасен рецепт, мило ми е што го претстави ...
Za da se skockaat vaka treba trpenie... :-)
Inaku i mene mi se ima sluceno, ako se mnogu stegnati nekoe zrnce da ostani zivo od orizot... znaci gi pravite so praz... a, nie so kromid... ke se obidam, da vidam dali me biduva za vitkanje na vakvi minijaturni ubiva sarmicki... Tvoite preubavi!