Испечати

Прилепски посни сармички

Прилепски посни сармички

Состојки

  • 1 кисела зелка
  • 300-350 гр. ориз
  • 1/2 праз
  • 3-4 големи лажици црвен пипер
  • 1 мала лажица црн бибер
  • 150мл. масло
  • По потреба сол
  • По потреба мешан зачин

Подготовка

Традиционалоно за секоја посна слава и за бадник во Прилеп се подготвуваат вакви мали сармички.
Од зелката се сечат мали ливчиња со димензии околу 5см. на 5см.
Празот се сече на многу ситно и се запржува во маслото се додава оризот и тој се запржува на крај се додава зачините.
Во секое мало ливче се става по малку од смесата со оризот и се витка како секоја друга сарма. Сармичките се редат една до друга во длабоко тенџере на кое дното е покриено со исечена зелка.
Кога ќе се нареди еден ред со сармички се посипува со една лажица црвен пипер и 3-4 лажици масло. Ако не ви стигне просторот во тенџерето може да започнете втор ред над првиот. Откако ќе се довиткаат сармичките се покриваат со листови зелка и се додава вода од киселата зелка при што сармичките треба да бидат покриени со водата.
Сармичките се варат на бавен оган додека се свари оризот.