Калапот за куглоф се обложува со хартија за печење и внатре редиме парчиња тиква сечени на коцки.
Се печат околу 25 мин.на 190степени потоа ги вадиме од рерна.
Над парчината тиква ја посипуваме едната ванила и медот.

Паниспањата се бие убаво и се дели на два дела ,едниот поголемиот дел во количина останува бел и го тураме веднаш над тиквата. Тестото го потпекваме 10 мин.на 190 степени. Го вадиме од рерна и ја тураме помалата количина измешана со циметот какаото. Го вракаме куглофот во рерна и печиме уште 25-30мин.на 180степени. Кога ќе биди печен оставаме малку да излади го превртуваме и посипуваме шеќер.
Типичен есенски и зимски десерт и доста вкусен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови