Јајцата се матат со шеќерите додека зголемат волумен неколку пати и шеќерот се стопи.
Се додава млекото, маслото, пецивото и постепено се додава брашното, колку што ќе прими течната смеса. Кај мене беше околу 650 гр..Тестото е меко, по малку лепливо. Со мрсна рака убаво ќе се измеси. Откако ќе отстои фрижидер е одлично. Го оставам во фрижидер неколку часа, завиткано со стреч фолија. Овој пат го оставив цела ноќ.
Другиот ден го работев. Постапката полесно се воочува од дополнителните фотографии. Тестото го поделив на два дела. Едниот стои во фрижидер, додека другиот се работи.
Секој дел уште на неколку топчиња.Ги направив ваљаци.Подеднакво поделив.Обликовав топчиња, малку потсплеснати.

Се печат на 150 околу 15 мин., во загреана рерна.
Треба да останат бели, а одоздола румени.

Топли се длабат со остар нож, инаку пукаат.

За фил-ронките од тестото поминати низ прсти - иситнети, румот, просеаното какао, мармалад по потреба. Треба да се добие густа смеса, мека.
По желба може да се збогати со мелени ореви, топено чоколадо...

Се полнат издлабените праски, се спојуваат две по две.

Се макаат во вода со боја и екстрат, се оставаат малку да се подсушат на брисач, па се валкаат во шеќер кристал.

На здравје!

Честит празник драги дами!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани