Од наведените состојки измесете тесто.

Тестото развлечете го во кора со дебелина од 0,5см и со помош на поширока чаша сечете кругови, по две за секое прасе. Со мала чашка за ракија сечете кругови за носот и ушите. Онаа за ушите се сечи на четвртинки (доаѓаат по 2 ушиња за 2 прасиња).

Редење-Најпрво ставете еден голем круг. Над него ставете по еден лист шунка и кашкавал. Преклопете со друг голем круг и добро притиснете по страните за убаво да се залепи. Мал круг ставете место носе и по една од четвртинките на местото за ушите. Од зрната црн бибер направете очи, а со помош на чепкалка направете дупки на носот и ставете врз нив по едно зрно ким.

Премачкајте ги прасињата со жолчка разматена со млеко и печете ги некои 15на минути на 200 степени.

Израдувајте ги своите најмали и уживајте во вкусот, на здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани