Солени прасиња
Од наведените состојки измесете тесто.
Тестото развлечете го во кора со дебелина од 0,5см и со помош на поширока чаша сечете кругови, по две за секое прасе. Со мала чашка за ракија сечете кругови за носот и ушите. Онаа за ушите се сечи на четвртинки (доаѓаат по 2 ушиња за 2 прасиња).
Редење-Најпрво ставете еден голем круг. Над него ставете по еден лист шунка и кашкавал. Преклопете со друг голем круг и добро притиснете по страните за убаво да се залепи. Мал круг ставете место носе и по една од четвртинките на местото за ушите. Од зрната црн бибер направете очи, а со помош на чепкалка направете дупки на носот и ставете врз нив по едно зрно ким.
Премачкајте ги прасињата со жолчка разматена со млеко и печете ги некои 15на минути на 200 степени.
Израдувајте ги своите најмали и уживајте во вкусот, на здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
I kaj tebe ke napisam, mene za ova ne me biva, i toa e... Zalno :(
Да, се работи за свинска маст. Со неа остануваат помеки, но ако немаш, замени ја со масло-не страшно ;) Нема потреба од извинување, затоа сме тука да се објасниме ;) Поздрав и до тебе <3