Најпрвин кромидот, пиперката и магдоносот ги ставаме во блендер и ги сецкаме заедно. Лебот се потопува во топла вода. Меленото месо се става во сад, му се додаваат сецканите состојки од блендерот, исцедениот леб, јајцето и презлата. Се меша се заедно, се зачинува и се става во фрижидер да постои околу пола час.
Во меѓувреме кашкавалот и доматот се сецкат на коцки. Смеата се вади од фрижидер и се формираат ќофтињата, се зема едно топче се расплескува во раката, во средината се става по 2 коцки кашкавал и една коцка домат, па со рацете се формира топче. Топчињата се редат на чинија попрскана со презла да не се залепат. Откога ќе се направат сите (мене ми излегоа 14), едно по едно се валкат во брашно, разматени јајца и презла на крај се пржат во загреано масло. Се пржат на средна температура .
Многу се вкусни, а јас си ги гарнирав со компирчето со рузмарин на Невена. Ручекот беше ЕКСТРА....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани