Печени похувани модри домати
Доматите се лупат и се сечат на тркала со дебелина околу 6-7мм. Се ставаат во поголем сад, се налеваат со вода, оцет, сол и биберот и се ставаат да зовријат. Од како ќе зовријат се оставаат да вријат 10 минути, а потоа се цедат. Од како убаво ќе се исцедат се ставаат во смесата за похување и се редат на хартија во плех да се печат. Се печат околу 20 минути на 200 степени, а потоа се служат по вкус дали како прилог или мезе...
Смеса за поховање
Јајцата се матат со млекото, а потоа им се додава брашното. Целата смеса убаво се изедначува и се разбира по вкус тука може да се додаде плус некој зачин, ама јас не додавам затоа што имаат киселкаст вкус од оцетот и сметам дека биберот и солта се доволни.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
LiliN i nadica interesno i za meze i za prilog:)