За почеток на ова вкусно јадење, потребно е карфиолот убаво да се измие.
Потоа го ставаме во сад со вода и сол и оставаме да зоврие околу 20 минути.
Омекнатиот карфиол се цеди од водата и се остава во цедалка.
На страна во друг сад ги вариме макароните и тие во посолена вода. Откако се варени и нив ги процедуваме.
Јајцата ги матиме со млекото и додаваме масло.
Во садот кај јајцата ги додаваме макароните и карфиолот кој претходно го исцепкавме на мали китчиња.
Промешуваме смесата да се изедначи.
Префрламе во тавата за печење, наросуваме шафран и копар, па додаваме мешан зачин.
Врз сета смеса рендаме сирење и ставаме да се пече.
Во рерната оставаме околу 15-20 минути, во зависност како ви пече рерната.
Откако смесата ќе се соедини и ќе стане една целина, а боичката на површина малку ќе се позатемни, тогаш макароните збогатени со карфиол се готови.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови