Потпечен леб со туна и ајвар
Еве една идеја како да го искористите стариот леб, ама и не мора да биде со стар леб доколку ви се допаѓаат состојките искористени во овој рецепт.
1. Лебот го сечкаме на коцки и го ставаме во намрсено тавче.
2. Кромидот и магдоносот ситно ги сечкаме.
3. Туната ја отвораме и го двоиме маслото од неа.
4. Месото од туна го ставаме во ајварот заедно со другите состојки односно со кромидот, сенфот, магдоносот, ориганото и по потреба сол. Убаво промешуваме да се соединат вкусовите и оваа смеса ја истураме дел по дел врз лебот.
5. Промешуваме да се соединат лебот и смесата со туна па тавчето го ставаме во загреана рерна некои 10 минути да се потпече на 200 степени. Ако сакате да биде покрцкаво лепчето печете го повеќе време.
Кај нас ајварот беше пикантен и преубаво се вклопи во целиот рецепт, па јадеа од мало до големо.
Лиценца: Сите права се задржани