Најпрво подгответе ги палачинките.
Сите состојки за палачинки ставете ги во сад и изматете ги да се изедначат. Од добиената смеса испечете палачинки и покриени оставете ги да оладат. Подгответе го филот
Компирите излупете ги, исечете ги на плочки и во помал сад ставете ги да се сварат, омекнат. Исцедете ги од водата и згмечете ги како пире.
Печурките исчистете ги, измијте ги и изрендајте ги на ливчина (на страната за рендање зелка). Ставете ги да се пржат во тава со масло. Додајте го зачинот, солта и биберот по вкус, лукот и магдоносот ситно исецкани. Оставете ги да се динстаат додека течноста испари. Потоа тргнете ги на страна и оставете ги да оладат.
Во печурките додајте го пирето од компир, пирето од домати, ориганото и измешајте да се изедначат.
На секоја палачинка на долната страна ставајте по две - три лажици од филот, свиткајте ја од станите а потоа од долната страна завикајте ја во ролничка. На крајот прицврстете ја со чепкалка.
Од кога ќе ги свиткате сите палачинки извалајте ги прво во млекото од соја, потоа во лебните трошки.
Пржете ги во загреано масло од двете страни и пржени извадете ги на кујнска салфетка. Можат да се послужат како предјадење или како комлетен оброк со салата и посен мајонез.
Од овие состојки наполнав 10 палачинки, а испеков 14. Другите ги измезивме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани