Подгответе го прво полнежот
1. На зејтин пропржете за кратко 1/2 од праз или кромид (како ви е повкусно) додадете го и ренадниот морков, ситно насецканата зелка, пржете до омекнување, посолете со мелен црн бибер.
Оставете настрана да се олади, а за тоа време спремате тестото.

1. Квасецот се раствара во топлата вода, се додава во останатите состојки и се замесува меко и еластично тесто. Остава се на топло да стаса. Се премесува уште еднаш и пак се остава да стаса.
Стасаното тесто се премесува повторно и се дели на еднакви дела, се оформуваат топчиња и оставете малку да се одпуштат.
Се расукува во форма на круг. На средината се става од припреманиот полнеж, се подигаат краевите нагори и се затвара кората. Секоја направена пирошка се става во плек постелен со хартија за печење со работ од спојувањето да биде оддолу.
Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени, за тоа време пирошките се стасани. Ставете да се печат до нивно заруменување.
Откако ги извадите сеуште додека се топли премачкајте ги со зејтин и покријте со крпа, тие се меки и многу вкусни пирошки.
Напомена
Можете да ги полните и со праз или со компирова смеса...
Секоја една пирошка ја спремав од 70 гр. тесто - значи го мерам тестото.
Една чаша е 200мл доколку некој сака да работи со помеко тесто, a ако некому претставува потешкотија да работи со помеко тесто, тогаш мерката за чаша е 240мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани