Пред да започни месењето квасецот се зафаќа настрана во сад со малку вода и на врв на лајче шеќер, 2-3 лајци брашно-се остава да надојди.
Сите останати состојки за тесто се ставаат заедно, се додава и квасецот кога е готов, се меси и обликува меко тесто. Можно е во зависност од брашното да ви притреба уште малку брашно за месење, тоа сами ќе одредите при обработката, но битно меко тесто да се добие. Цело тесто се остава да одмори некои 10 мин. па се сечи на 4-5 делови-топки, зависно дали сакате помали или поголеми кифли. Се сука кора од секоја топка, па се витка во кифла. Над оган се става вода која треба да достигне до точка пред да вари, на тивко, се додава 1 лајче мед, се ставаат по неколку кифли во водата, да отстојат кратко т.е. треба да летнат на површина на водата тогаш се вадат од вода со голема лајца-решетка, да се подисцедат и одма се ставаат да се извалкаат во сусам, се редат во плех над хартија за печење и се печат на 200.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови