
25
мар
2013
Посни кифли со тиква
Најпрво исечете ја тиквата и сварете ја. Откако ќе олади испасирајте со вилушка или блендер.
Растворете го квасецот со малку вода, шеќер и брашно. Во голем сад ставете ги сите состојки и замесете мазно тесто и оставете го да нарасне. Потоа правете форми по ваша желба се редат на намрсен плех и на секоја кифла одозгора се става маргарин. Печете ги во претходно загреана рерна 190 степени 15-20 мин во зависност од рерната.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови