Посни кифли со тиква
Тиквата изблендирајте ја да се направи каша и ставете ја во садот за месење. Додајте го квасецот изронeт, маслото, водата, солта и шеќерот. Постепено додавајте го брашното и месите додека се добие изедначено меко тесто.
Е сега, зависно колку вода содржи тиквата можи ќе ви треба повеќе или помалку брашно. Мене точно ми требаше 1 кило плус уште малку за размесување.
Тестото оставете го да одмори 10 мин не повеќе.
На намрсена површина разделете го на топчинња. Од секое топче направете кифлчки или со еден дел можи да си направите и кора и да ги виткате како кроасанчиња (како на сл.) Редете ги во плех со хартија.
Кога сите се готови, одозгора ставете им парченца маргарин.
Оставете ги да скиснат 20-30 мин, во топла просторија. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 200 степени.
Печете ги околу 20-25 мин. Кога ќе ги извадите одма премачкајте ги со маргарин малку да добијат сјај.
Кифлите навистина се меки, вкусни и декоративни со жолта природна боја.
Лиценца: Сите права се задржани
Stavam potopla, voda, i podolgo go mesam testoto i gi kisnam pre pecenje a i mnogu e bitno topla da e sobata
http://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D1%80%D0%B7%D0%B8-%D0%BA%D0%B8%D1%84%D0%BB%D0%B8-%D0%B1%D0%B5%D0%B7-%D0%BA%D0%B8%D1%81%D0%BD%D0%B5%D1%9A%D0%B5/