Посни вишна коцки
Идејава за тортава ми дојде многу спонтано кога го видов на странава посното чоколадно тесто на Лудо, па спремив и еден фил и испадна феноменална комбинација.
За тестото се составуваат сите суви елементи освен содата, се додава вода масло и во друг сад на страна се разматува оцетот со содата да запени (нели како што кажа Лудо за да е попуфкасто тестото) и се додава во смесата. Се промешува убаво со лажица да се изедначи и се пече. Кај мене на мојава рерна на 180 степени околу 35 мин, со повремено проверување пред крај со чепкалка за заби. Во консултација со Лудо се договоривме да ставам и на врв на лажичката пециво, па да видиме како ќе испадне и еве го убаво нараснато- иако мислам дека е повеќе од распенетата сода.
Во друг длабок сад на оган се ставаат вишните со шеќер и вода. Откако ќе зовријат на тивок оган се оставаат да повријат уште 15 мин да згуснат како за слатко. Пред крај се додава густинот убаво разматен со малку вода и се трга од оган преливот да се излади.
За филот во тенџере на оган се става сокот од вишни. Во дел од него се разматуваат пудинзите и се вари густ крем-пудинг. Маргаринот се мати со шеќерот во прав и во него постепено се додава изладениот пудинг од вишни
Врз изладеното тесто се нанесува преливот од вишни и врз него се размачкува кремот со пудинзи. Со дел од изладениот прелив ( од течноста) се украсува горната страна од колачот. Кога е убаво изладен се сече на коцки.
На здравје нека
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови