Испечати

Посни вишна коцки

Посни вишна коцки

Состојки

  • за тесто
  • 1+ 1/2 чаша брашно
  • 3 големи лажици какао
  • 1 чаша шеќер
  • 1 мало лажиче сода бикарбона
  • 1 мало лажиче оцет
  • 1/2 лажиче сол
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 5 големи лажици масло
  • 1 чаша кисела вода
  • чашата е од 250 мл
  • за преливот со вишни
  • 300 гр замрзнати вишни
  • 200 гр шеќер
  • 150 мл вода
  • 2 лажици густин
  • 1 пакетче растителен желатин
  • за крем од вишни
  • 500 мл сок од вишни
  • 2 пакетчиња (80 гр) пудинг од ванила
  • 125 гр омекнат маргарин
  • 150 гр шеќер во прав

Подготовка

Идејава за тортава ми дојде многу спонтано кога го видов на странава посното чоколадно тесто на Лудо, па  спремив и еден фил и испадна феноменална комбинација.

За тестото се составуваат сите суви елементи освен содата, се додава вода масло и во друг сад на страна се разматува оцетот со содата да запени (нели како што кажа Лудо за да е попуфкасто тестото) и се додава во смесата. Се промешува убаво со лажица да се изедначи и се пече. Кај мене на мојава рерна на 180 степени околу 35 мин, со повремено проверување пред крај со чепкалка за заби. Во консултација со Лудо се договоривме да ставам и на врв на лажичката пециво, па да видиме како ќе испадне и еве го убаво нараснато- иако мислам дека е повеќе од распенетата сода.

Во друг длабок сад на оган се ставаат вишните со шеќер и вода. Откако ќе зовријат на тивок оган се оставаат да повријат уште 15 мин да згуснат како за слатко. Пред крај се додава густинот убаво разматен со малку вода и се трга од оган преливот да се излади.

За филот во тенџере на оган се става сокот од вишни. Во дел од него се разматуваат пудинзите и се вари густ крем-пудинг. Маргаринот се мати со шеќерот во прав и во него постепено се додава изладениот пудинг од вишни

Врз изладеното тесто се нанесува преливот од вишни и врз него се размачкува кремот со пудинзи. Со дел од изладениот прелив ( од течноста) се украсува горната страна од колачот. Кога е убаво изладен се сече на коцки.

На здравје нека