
29
мар
2013
Посни бомбици со банана и желе бомбони
Маргаринот и шеќерот во прав убаво се обработуваат со миксер, па се додаваат бананите испасирани со вилушка или блендер. Се додаваат мелените бисквити, мелените и сецканите ореви и сецканите желе бомбони. Убаво се меси со рака и се формираат бомбици и се валкаат во мелени ореви.
Од оваа смеса излегуваат многу бомбици, а може да се направи и ролат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Посни рецепти никогаш доста и баш се убаво осекам кога даваме сите свој придонес за посно... составот ветува!Поздрав Илинка!