Испечати

Посни бомбици со банана и желе бомбони

Посни бомбици со банана и желе бомбони

Состојки

  • 250 гр маргарин
  • 250 гр шеќер во прав
  • 4 банани
  • 400 гр мелени бисквити
  • 200 гр мелени ореви + 100 гр сецкани ореви
  • 200 гр желе бомбони
  • 100 гр мелени ореви за валкање на бомбиците

Подготовка

Маргаринот и шеќерот во прав убаво се обработуваат со миксер, па се додаваат бананите испасирани со вилушка или блендер. Се додаваат мелените бисквити, мелените и сецканите ореви и сецканите желе бомбони. Убаво се меси со рака и се формираат бомбици и се валкаат во мелени ореви.
Од оваа смеса излегуваат многу бомбици,  а може да се направи и ролат.