Посна (успенска) торта
Една посна торта мене лично и на моето семејство една од поубавите. За подготовка на тестото во еден подлабок сад ги составувамеи се варат додека не се сувите состојки ( брашно, пециво, ванила, шеќер и мелени лешници). Го додаваме маслото и киселата вода. Со лажица ја промешуваме смесата додека да стане хомогена. На плех обложен со хартија за печење ја истураме смесата за тесто и печеме 25-30 мин на 180 степени.
Во меѓувреме се припрема филот. Во тенџере на оган се налева околу 700 мл вода и 10 лажици кокосово млеко. На страна се промешуваат пудинзите со 12 лажици шеќер и 300 мл вода. Разматените пудинзи се истураат во зовриената вода и се вари подебел крем-пудинг.
Во друг сад се мати пенесто маргаринот со 250 гр шеќер во прав и ванилин шеќер. Во него се додава изладениот крем-пудинг и 1/2 шоља мелени лешници. Филот убаво се мати додека да се соединат состојките. Се дели на 2 дела. Едниот дел останува ист-бел, а во другиот се додава 100 гр. растопено посно чоколадо.
Тестото се дели на три ленти и се филува ред тесто, па црн фил, пак тесто па бел фил. Пошто има доволно фил јас на крај составувам од двата фила и со неа ја премачкувам и украсувам тортата. Украсите се од локум измешан со шеќер во прав. Процентот за да се добие убаво тесто за моделирање од локум е 50-50.И малку прехрамбена боја...Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови