Соја трошките се ставаат во врела вода да омекнат 15-тина минути, се цедат убаво.
Во меѓувреме на оган во тефлонско тавче се става масло и во него се пржи сечканиот кромид 1 главица, лукче 4-5 парченца обавезно, морков, после се додаваат соја трошките и тие да се запржат печурки по избор за вид и количина, околу 1 мало тегле доматна салца, 1 кафено филџанче вода и зачини по вкус (мешан сув зачин,црн пипер,босилек,оригано) да се прокрчка петнаесеттина минути и сосема за крај некоја лажица кечап (кој се додава за да добие сосот поинтензивна темно црвена боја) со што сосот е готов.
На страна во сад со вода и сол кога ќе зоврие водата се ставаат тестенини да се сварат, се цедат и тушираат со ладна вода.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови