Испечати

Посна паста со соја

Посна паста со соја

Состојки

  • состојки за сос
  • 1 шоља црвени соја трошки
  • 1 главица кромид
  • 4-5 парчиња лукче
  • 1 морков
  • 200-300гр. печурки
  • 250гр. доматна салца
  • 1 филџанче вода
  • зачински тревки
  • тестенини

Подготовка

Соја трошките се ставаат во врела вода да омекнат 15-тина минути, се цедат убаво.
Во меѓувреме на оган во тефлонско тавче се става масло и во него се пржи сечканиот кромид 1 главица, лукче 4-5 парченца обавезно, морков, после се додаваат соја трошките и тие да се запржат печурки по избор за вид и количина, околу 1 мало тегле доматна салца, 1 кафено филџанче вода и зачини по вкус (мешан сув зачин,црн пипер,босилек,оригано) да се прокрчка петнаесеттина минути и сосема за крај некоја лажица кечап (кој се додава за да добие сосот поинтензивна темно црвена боја) со што сосот е готов.
На страна во сад со вода и сол кога ќе зоврие водата се ставаат тестенини да се сварат, се цедат и тушираат со ладна вода.