Одделете 200 мл. од водата, другата ставете ја да зоврие. Во одделената вода растворете го пудингот и шеќерот. Во зовриената вода сипете го растворениот пудинг, постојано мешајте да се згусти. Тргнете го настрана и оставете го на собна температура да се олади.
За тоа време исечкајте го овошјето, желе бонбоните и една чоколада, а другата изрендајте ја.
Маргаринот исечкајте го на коцки и изматете го со изренданата чоколада. Матете додека стане пенесто. Додадете ги бисквитите, оревите, желе бонбоните, чоколадата и пудингот, измиксајте и додајте го пудингот, мешајте да се соедни. Додајте го сечканото овошје и измешајте убаво да се соедини.
Правоаголен плех бр. 38 или бр.40 намастете го со маргарин. Истурете ја целата смеса и убаво израмнете. Посипете кокос и оставете тортата нека преноќи во фрижидер. Исечете парчиња по желба.

Може да користите какво било овошје по желба.
Тортата е превкуснааа!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови