Сојата ја оставаем во ладна вода да откисне 20 минута. Потоа водата ја истураме и тураме нова, па ја ставаме сојата да зоврие.
Тиквичките ги сечкаме на тркалца.
Во тепсија редиме ред тиквички, ред соја ( низ која ставаме од оризот и морковот исечен на тркалца). Додаваме зачини по желба.
Ставаме да се пече во загреана рерна. Кога убаво ќе порумени го рендаме кашкавалот и враќаме уште малку во рерна за да се растопи.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови