Посна мусака со печени пиперки
Исечканиот на коцки кромид и праз ставете ги да се пржат на масло. Додадете ги исецканите моркови и мелените буковки. (јас обично ги мелам дршките од свежите буковки на машина за месо). Пржете ги додека не добијат сите златна боја, зачинете ја смесата со зачин, бибер, сол, мајчина душица. Излупените компири исечени на кругови наредете ги половина во земјена тава претходно полиена со масло, посолете ги и нанесете ја смесата од буковки. Врз нив ставете ги печените лупени пиперки отворени. Посолете ги и врз нив ставете ги остатокот од компирите исечени на кругови. Посолете и налијте во тавата 300 мл вода и 500 мл доматен сос. Ставете ја тавата да се пече околу 1 час на 220 степени. Декорирајте со суви домати и свеж магдонос. Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Се надевам дека не те разочарав со коментарот,сепак тоа е мој личен вкус,а на останатите домаќинки преостанува да си ја направат оваа комбинација.
Јас кога ќе ја правам по втор пат со измениве,ќе кажам дали сум ја погодила по мој вкус.
Поздрав до тебе