Посна мусака со печени пиперки
Состојки
- 4,5 срени компири
- 20тина печени пиперки (јас ги имам замрзнати овој период)
- 500 г мелени буковки
- 2 главици кромид
- 4 средни моркови
- 2 главици праз
- 500мл домашен сос од домати
- 2 лажички био зачин
- 1 лажичка сол
- по потреба масло за јадење
- 1/2 лажичка мајчина дужица
- 2 лажици свеж магдонос
- по желба бибер
Подготовка
Исечканиот на коцки кромид и праз ставете ги да се пржат на масло. Додадете ги исецканите моркови и мелените буковки. (јас обично ги мелам дршките од свежите буковки на машина за месо). Пржете ги додека не добијат сите златна боја, зачинете ја смесата со зачин, бибер, сол, мајчина душица. Излупените компири исечени на кругови наредете ги половина во земјена тава претходно полиена со масло, посолете ги и нанесете ја смесата од буковки. Врз нив ставете ги печените лупени пиперки отворени. Посолете ги и врз нив ставете ги остатокот од компирите исечени на кругови. Посолете и налијте во тавата 300 мл вода и 500 мл доматен сос. Ставете ја тавата да се пече околу 1 час на 220 степени. Декорирајте со суви домати и свеж магдонос. Добар апетит