Посна кремаста торта
Подготовка на корите.
Во длабок сад се става брашното се додава какаото, шеќерот и пецивото се промешува со лажица смесата да се изедначи. Потоа се додава маслото и водата и повторно убаво се измешува. Се пече во плех 30 на 40см на хартија за печење на 200степени околу 15 мин. Постапката се повторува и за кора 2.
Подготовка на крем1.
Се става половина од сокот и се стават шеќерот во другата половина се раствара пудингот и се сипува во врелиот сок и се вари густ крем. Во оладениот крем се додава претходно изматен маргарин и се соединува.
Подготовка на крем 2 е ист како крем1.
Подготовка на глазура.
Се растопува маргаринот со маслото, се додава чоколадата, убаво се промешува да се растопи чоколадото и смесата да се соедини. Се трга на страна малку да олади и со млака глазура се полева тортата.
Доколку некој не сака да стави чоколадна може и со шлаг.
Редослед на сложување. Кора, крем1,натопени бисквити со сок, крем2, кора, чоколадна глазура.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови