Испечати

Посна кремаста торта

Посна кремаста  торта

Состојки

  • потребно за кора1 од истите состојки се прави и кора2
  • 300гр брашно
  • 10лаж шекер
  • 4лаж какао
  • 300гр грзирана вода
  • 100гр масло
  • 1 пециво
  • за крем 1
  • 1л газиран сок од портокал
  • 10 лаж шекер
  • 3 пудинг од ванила
  • 1 маргарин
  • за крем2
  • 1л сок во тетрапак од јагода
  • 10лаж шекер
  • 3 пудинга од јагода
  • 1 маргарин
  • за глазура
  • 100гр маргарин
  • 2лаж масло
  • 100гр чоколада
  • потребно уште
  • 300гр посни бисквити

Подготовка

Подготовка на корите.
Во длабок сад се става брашното се додава какаото, шеќерот и пецивото се промешува со лажица смесата да се изедначи. Потоа се додава маслото и водата и повторно убаво се измешува. Се пече во плех 30 на 40см на хартија за печење на 200степени околу 15 мин. Постапката се повторува и за кора 2.

Подготовка на крем1.
Се става половина од сокот и се стават шеќерот во другата половина се раствара пудингот и се сипува во врелиот сок и се вари густ крем. Во оладениот крем се додава претходно изматен маргарин и се соединува.

Подготовка на крем 2 е ист како крем1.

Подготовка на глазура.
Се растопува маргаринот со маслото, се додава чоколадата, убаво се промешува да се растопи чоколадото и смесата да се соедини. Се трга на страна малку да олади и со млака глазура се полева тортата.
Доколку некој не сака да стави чоколадна може и со шлаг.
Редослед на сложување. Кора, крем1,натопени бисквити со сок, крем2, кора, чоколадна глазура.