Комплетен лесен ручек, нема да ви треба ниту леб, само некоја зелена салата и ќе сте задоволни
Подготвока на полпетите
- Сварениот компир испасирајте го во пире, додадете го сварениот ориз, зачинете и измешајте.
- Со рака вадете и правете ги полпетите - ставајте во презла, увалкајте ги и или ставте да се пржат по што ќе ги извадите и ставите на салфета или наједноставно ставете во плекче послано со хартија за печење и потпечете во рерна.

Подготовка за морковот
- Излупете ги или добро измијте ги морковите, исечете на половина или ако се ситни едноставно ќе бидат повеќе на број и нека ги цели. Кромидот исечкајте го на коцки.
- Ставете го морковот и кромидот во плекче послано со хартија за печење, прелијте со зејтинот, посолете попрскајте со кари,додадете биберот. Ставете во загреана рерна 10 минути нека се печат.
Додека се печат и крчкат, вие исцедете сокот од лимонот, додадете ги ситно сецканите ореви, сувото грозје и 250 мл, вода. Со вака спреманиот сафт залијте ги морковите и нека се динстаат уште 10 мин.
Извадете и посипете ги со магданосот.
Сервирајте, а вака спреманиот морков е комплетно топло предјадење.

Забелешка
Јас денес 3 во 1 - испржив излупена ослич риба валкана во пченкарно брашно измешано со малку сол, бибер и сув зеленчук, сервирана со полпетите од компирот, прилог топлото предјадење од морковот и зелена салата. Одличен посен комплетен ручек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани