
Полнети школки
Овој рецепт доаѓа нешто како брзи мини панцероти, со 2 варијанти. Можете да ги испржите во масло или да ги пикните во рерна и да ги испечете.
Измешајте ги маслото и јогуртот и потоа додадете го брашното измешано со прашокот за печење. Додадете и малку сол спрема вкус колку сакате солено, но пазете и на соленоста на кашкавалот, затоа што некој е посолен.
Замесете тесто и оставете го 20 минути да одмори.
Тестото тенко расучете го и со помош на чаша или модла вадете кругови.
Во секој круг ставете по 1 лажиче од филот и преклопете го. Краевите убаво зацврстете ги со помош на вилушка или ако имате модла за школки уште полесно.
Пржете ги во загреано масло на умерена температура и пржени одложете ги на хартиена салфета за да се впие вишокот мрснотија или премачкајте ги со жолчка, наросете сусам и печете ги во загреана рерна додека не поруменат.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
Лили, Невена, и моите беа три големини и го сефтосав најмалото од нив :) Сега пак случајно начекав и во големина на педа. И јас би ги следниот пат печени. Помаклу мрснотија и помалку прафем на себе и просторијата :) Сега беше таква работата, пржи-јади. Гладните демнеа во близина, не им се чекаше :)))