Испечати

Полнети школки

Полнети школки

Состојки

  • 200 гр јогурт
  • 100 мл масло
  • 3 чаши брашно (чаша од 200мл)
  • 1 прашок за печење
  • малку сол
  • * За полнење
  • 180 гр шунка
  • 100 гр кашкавал

Подготовка

Овој рецепт доаѓа нешто како брзи мини панцероти, со 2 варијанти. Можете да ги испржите во масло или да ги пикните во рерна и да ги испечете.

Измешајте ги маслото и јогуртот и потоа додадете го брашното измешано со прашокот за печење. Додадете и малку сол спрема вкус колку сакате солено, но пазете и на соленоста на кашкавалот, затоа што некој е посолен.
Замесете тесто и оставете го 20 минути да одмори.
Тестото тенко расучете го и со помош на чаша или модла вадете кругови.
Во секој круг ставете по 1 лажиче од филот и преклопете го. Краевите убаво зацврстете ги со помош на вилушка  или ако имате модла за школки уште полесно.
Пржете ги во загреано масло на умерена температура и пржени одложете ги на хартиена салфета за да се впие вишокот мрснотија или премачкајте ги со жолчка, наросете сусам и печете ги во загреана рерна додека не поруменат.
Добар апетит!