Најпрвин го миеме убаво оризот и го вариме внимавајки зрната да бидат цели. Го прецедуваме и тргаме на страна. Шампињоните малку ги провриваме со прстофат сол и им ги одстрануваме коренчињата. Кромидот го рендаме на ситната страна од рендето, пиперката ја сецкаме на ситно, а лукот 3 чешниња ги сецкаме ситно( за смесата). Трите чешниња лук ги оставаме за одозгора врз полнетите печурки.
Во тава за пржење ставаме 5 лажици зејтин и ги додаваме кромидот и пиперката. Пропржуваме неколку минути и ја додаваме сланината (половина од неа) претходно исецкана на ситни коцки. Додаваме од зачините , црн бибер , свеж магдонос и 2 полни лажици од оризот, пропржуваме уште неколку минути додека да се измешаат убаво сите состојки. Остатокот од оризот го користиме како прилог со шампињоните.
Ги полниме печурките и ги редиме во огноотпорен плех или обичен, ги додаваме коренчињата од шампињоните врз нив. Одозгора ставаме 7 парчиња од сланината или колку сакате. Ја мешаме павлаката со виното и полеваме одозгора. Печеме на 200 степени околу 30 минути. Овој ручек многу ни се допадна на мене и на моето семејство, се надевам и на вас ако го пробате. Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани