Шунката, кашкавалот и печурките исечкајте ги на коцкички, малку посолете и промешајте со павлаката и ориганото.
Шницлите исчукајте за да бидат што потенки. Зачинете ги со сол, бибер и мешан зачин. На секоја шницла ставете половина од филот и преклопете. Краевите исчукајте ги со чук и превиткајте, а ако ви е страв дека ќе се отворат прицврстете со чепкалки.
Јајцето изматете го со малку сол. Секоја шницла прво извалкате ја во брашно, потоа во изматеното јајце и на крај во презла.
Пржете ги на умерен оган додека не поруменат. Кога се готови извадете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот масло.
Послужете ги со гарнир по ваш избор.

Пријатен апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани