Испечати

Полнети свински шницли

Полнети свински шницли

Состојки

  • 2 поголеми свински шницли
  • 2-3 кругови шунка
  • 2-3 парчиња кашкавал
  • 2 лажици сецкани маринирани шампињони
  • 1-2 лажички кисела павлака
  • 1/4 лажичка оригано
  • 1/2 лажичка мешан зачин
  • по вкус сол и бибер
  • За похување
  • 1 јајце
  • 2-3 лажици брашно
  • 2-3 лажици презла

Подготовка

Шунката, кашкавалот и печурките исечкајте ги на коцкички, малку посолете и промешајте со павлаката и ориганото.
Шницлите исчукајте за да бидат што потенки. Зачинете ги со сол, бибер и мешан зачин. На секоја шницла ставете половина од филот и преклопете. Краевите исчукајте ги со чук и превиткајте, а ако ви е страв дека ќе се отворат прицврстете со чепкалки.
Јајцето изматете го со малку сол. Секоја шницла прво извалкате ја во брашно, потоа во изматеното јајце и на крај во презла.
Пржете ги на умерен оган додека не поруменат. Кога се готови извадете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот масло.
Послужете ги со гарнир по ваш избор.

Пријатен апетит!