Доматите ги миеме, чистиме и ги оставаме на страна.
Компирот го лупиме, миеме и го рендаме во длабок сад.
Сирењето го дробиме со виљушка и го додаваме во садот со компир.
И лукот го чистиме и го рендаме во садот со компир. Додаваме и 100 мл зејтин, посолуваме по вкус и поросуваме малку црн бибер. Сето ова го промешуваме и ги додаваме двете павлаки. Мешаме за да добиеме хомогена смеса. Потоа со мало лажиче ги полниме доматите со приготвената смеса. Ги редиме во тепсија и ги печеме во загреана релна на 180 степени околу еден час.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови