Полнети гнезда со мелено месо
Подготовка
1. Исечкајте го во сецко кромидот, а лебот натопете го во вода и многу малку (благо) исцедете го, па издробете го и додајте го во меленото место.
2. Измешајте ги сите состојки и формирајте топки колку мало до средно јаболко. Ставете ги во рамен послужавник и потоа во фрижидер барем 15минути додека го спремате филот.
3. Изрендајте го кашкавалот и додадете ги јајцето и павлаката. Измешејте хомогено, па доколку сакате додадете копар или магдонос по желба.
4. Формираните топки префрлете ги во плех, обложен со пек-хартија и со помош на чаша, чиј газер сте го намрсиле, направете длабина притискајќи одозгора. Во длабината ставете од филот. Печете на 200С околу 25 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови