Полнети гнезда со мелено месо
Состојки
- За топчињата со мелено месо
- 400 гр мелено месо
- 2 краешници сув леб (или 4 парчиња)
- 1 јајце
- 1 главеица кромид
- 1 рамна лажица сув зачин
- 1 лажиче прованса зачини
- 1/3 лажиче пимент
- 1/2 лажиче прашок за печење
- Фил
- 2 јајца
- 200 гр кашкавал
- 200 гр кисела павлака
- по желба копар или магдонос
Подготовка
Подготовка
1. Исечкајте го во сецко кромидот, а лебот натопете го во вода и многу малку (благо) исцедете го, па издробете го и додајте го во меленото место.
2. Измешајте ги сите состојки и формирајте топки колку мало до средно јаболко. Ставете ги во рамен послужавник и потоа во фрижидер барем 15минути додека го спремате филот.
3. Изрендајте го кашкавалот и додадете ги јајцето и павлаката. Измешејте хомогено, па доколку сакате додадете копар или магдонос по желба.
4. Формираните топки префрлете ги во плех, обложен со пек-хартија и со помош на чаша, чиј газер сте го намрсиле, направете длабина притискајќи одозгора. Во длабината ставете од филот. Печете на 200С околу 25 минути.