Полжавчиња со пршута
Подготовка на тестото
Во сад ставете ги млекото, маслото, јајцето, квасецот, солта, шеќерот и со додавање на брашното замесете мазно тесто. Оставете го да скисне 30-40 мин. Тестото премесете го и поделете го на два дела.
Јајцето и павлаката измешајте ги со вилушка да се изедначат.
Од едниот дел на набрашнета површина развлечите правоаголна кора дебела околу 5 мм. Со јајцето и павлаката премачкајте ја целата површина и наредете пола од пршутата и пола од моцарелата. Завиткајте ролат и крајот убаво притиснете го со прстите да се залепи тестото. Сечите парчина дебели околу 1-1,5 цм и наредете ги во плех обложен со хартија. Одозгора малку заплескајте ги со прстите за да не ја губат формата при печењето.
Истата постапка повторете ја и со другиот дел од тестото.
Откако се готови сите полжавчиња, вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.
Премачкајте ги со јајцето и павлаката и на секое ставете по мало парченце путер.
Ставете ги да се печат во загреаната рерна 15-20 мин.
Послужете ги топли со јогурт, сирење и сл.
Лиценца: Сите права се задржани