Полжавчиња со пиво и шербет
Одамна ме немаше да ставам некој рецепт. Редовно ве пратам, ама ете обврски многу и некако ме снема. Еве ме пак да ве дружам да споделувам со вас и да учам од вас. Овие колачиња ме потсетуваат на детството, мама редовно ги правеше и ми текна да ги направам за моите дома. Лесни брзи, а многу вкусни
Од наведените состојки освен какаото се замесува тесто. Се дели на два дела, едното се трга на страна а во другото се додадава постепено какаото додека убаво не се соедини во тестото. Кога е готово се расплескуваат двете теста и се ставаат едно врз друго. Со сукало се сука тенка кора која се витка во ролат. Се сече ролатот на кришки со дебелина од околу 1 цм. Колачињата се редат на плех обложен со хартија и се печат на 200 степени додека убаво да заруменат. Од оваа количина излегуваат околу 35 колачиња.
Во тенџере се ставаат шеќерот и водата да зовријат. Откако ќе зоврие се остава уште околу 5 мин на тивко. Млаките колачиња се полеваат со врел шербет и се оставаат додека да омекнат убаво (10 -15 мин).
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
isprobani i vkusni